Индија ги опушти мерките па за еден ден забележа околу 6.000 новозаболени

Околу 6.000 нови случаи се потврдени денес во Индија, најголем дневен пораст во земјата досега, додека владата ги олеснува мерки, а авиокомпаниите се подготвуваат повторно да воспостават дел од воздушните линии во земјата.

Фото: ЕПА

Во земјата со 1,3 милијарди жители, коронавирусот досега е потврден кај повеќе од 118.000 луѓе, додека 3.583 лица починале. Бројот на заразени лица се зголеми за 5 проценти во однос на четвртокот.

Премиерот Нарендра Моди го продолжи карантинот воведен на 25 март до 31 мај.

Сепак, мерките се релаксирани во области со помалку инфекции, а на сојузните држави им е дозволено да издаваат свои упатства за одредени аспекти на пандемијата.

На индиските авиокомпании од понеделник ќе им биде овозможено да воспостават околу една третина од летовите, но само во рамки на земјата и според едни од најстрогите правила во светот.

„Големиот пораст на бројот на заразени лица се случи по делумната дозвола за движење во земјата. Сепак, во целина, ова е многу послаб експоненцијален раст отколку во остатокот од светот“, рече професорот по епидемиологија Гиридар Бабу од индиската Фондација за јавно здравје.

„Клучното прашање сега е како да се намали смртноста? Дали имаме капацитет? Одговорот се чини дека е потврден“, додава Бабу.

Индија има ниска стапка на смртност од ковид-19, што веројатно се должи на старосната структура на населението.

Дури 93,5 проценти од Индијците се на возраст помлади од 65 години, а од коронавирус во огромно мнозинство умираат постари лица.

Главните жаришта на епидемијата во Индија се главниот град Њу Делхи, финансискиот центар Мумбаи, државата Гуџарат, од каде потекнува Моди и јужната држава Тамил Наду.

„Нашите ковид-одделенија беа полни во последните неколку недели. Ги прошируваме капацитетите за да можеме да примиме повеќе пациенти“, рече д-р Ланселот Пинто, пулмолог во болница во Мумбаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе