Четврти ден протести

Инциденти во Белград: Група демонстранти се обиде да влезе во собранието, напади врз новинари (ФОТО+ВИДЕО)

Во градовите низ Србија четврти ден по ред се одржуваат протести.

EPA-EFE

Граѓаните излегоа на улиците во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Лесковац, Пирот и Врање незадоволни од актуелната политичка и епидемиолошка ситуација во земјата.

Првите два дена од протестите ги одбележаа примената на сила над демонстрантите, солзавецот и шок бомбите, насилното влегување во Скупштината на Србија, напади врз новинарите.

Граѓаните синоќа мирно протестираа седејќи на улиците и тротоарите, а мотото на протестот беше „Седни, не наседнувај“.

И вечерва група демонстранти се обиде да влезе во српското собрание, ја отстрани оградата и ги нападна новинарите на Н1 телевизија и фоторепортерите кои се обидуваа тоа да го снимат. Повеќето беа во фантомки и со камења ја гаѓаа полицијата. Најверојатно станува збор за навивачи, што не е потврдено.

Учесниците на протестната прошетка некое време седеа пред кордонот и скандираа „Ист народ сме“, „Спуштете ги штитовите“, „Кој не скока тој е џандар“. Потоа станаа и му пријдоа на кордонот пеејќи ја песната на Београдски синдикат „Систем те лаже“ и химната на Србија.

По 22 часот ситуацијата се смири, позициите на полицијата и демонстрантите остануваат непроменети откако безбедносните сили добија засилување.

Полицијата успеа да ги тргне демонстрантите од скалите пред собранието и тука да постави ограда, но сепак не успеа да ги тргне сите демонстранти.

Собранието останува целосно опколено со жандармерија, јавува Нова.рс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе