Белград

Инциденти пред Собрание: Туркање меѓу учесниците на „1 од 5 милиони“, Бошко Обрадовиќ со јарбол пробива стакло (ФОТО+ВИДЕО)

Во сабота во центарот на Белград се одржа протест „Еден од пет милиони", пред српското Собрание имаше инцидент.

За разлика од претходно, протестот не е пријавен во полиција, затоа што на претходен собир биле нападнат еден од организаторите Срѓан Марковиќ, а полицијата по тој повод не се огласила.

Организаторот изјави дека синоќешниот протест е прв собир во втората година на демонстрации започнати кон крајот на минатата година, по нападот на лидерот на Левицата, Борко Стефановиќ во Крушевац.

„Помина една година протести и борби за промена на власта и системот што таа власт го узурпираше. Не запираме сè додека не се исполни заедничката цел - затоа Плато“, се вели во повикот на 53-от протест на плоштадот пред Филозофскиот факултет.

За говорници беа најавени Мариника Тепиќ, адвокатот Владимир Гајиќ, психологот Жарко Требјешанин и еден од организаторите на протестот, Теа Вукадиновиќ.

Минатата сабота, Срѓан Марковиќ од организацијата на протестот рече дека бил нападнат од ист човек што веќе порано истото го направил и постојано го следи на протести.

Повеќе учесници на протестот „1 од 5 милиони“ се пробија до влезната врата на српското Собрание на плоштадот Никола Пашиќ и во таа прилика дошло до буткање меѓу учесниците, додека еден демонстрант со јарбол од знаме се обидувал да го скрши стаклото на вратата, во што е спречен од обезбедувањето на Собранието.

Како што пренесуваат медиумите, лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ е лицето кое со јарбол го пробивал стаклото.

Демонстрантите пред зградата на РТС претходно објавија дека ќе дојдат во Собранието да тропнат на вратата за да видат дали има некој внатре.

Меѓу учесниците во вчерашниот протест бил и Марко Бастац. „Крадци, крадци!“, „Вучиќ пе*еру“, „Готово е“ викале пред влезот на парламентот. Пред да потрчаат по скалите во зградата на парламентот, организаторите најавија дека ослободиле една институција и дека ќе ослободат и други.

„Исто како што тропнавме на вратата на Ректоратот, така сега тропаме на вратата на Собранието“, велат организаторите.

Голем број демонстранти биле пред вратата на зградата на парламентот, носејќи две знамиња на Србија и со мобилни телефони го снимале влегувањето во парламентот.

Кога стигнале пред зградата на Српското собрание, на скалите излегле неколку припадници од обезбедувањето на Собранието во цивилно, предупредувајќи ги да не се качуваат понатаму, но тие поминале покрај нив.

Поголемиот дел од учесниците на протестот продолжиле со движење, додека еден дел кратко останале пред вратата на Собранието по што ѝ се приклучиле на колоната. Протестот е завршен на плоштадот Република, каде организаторите најавија дека нема да го пријават ниту следниот собир во полиција, доколку напаѓачите на еден од организаторите на протестот, Срѓан Марковиќ не бидат приведени.

Организаторите рекоа дека она што се видело вечерта на протестот е само предупредување.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе