Инцидент во близина на Капитол - автомобил ја пробил безбедносната ограда, убиен еден полицаец (ВИДЕО)

Еден полицаец загинал, а друг е ранет во близина на Капитол во Вашингтон, откако во петокот во нив се забил автомобил. Полицијата пукала на осомничениот откако тој излегол од возилото мавтајќи со нож, а кој потоа починал во болница, пренесува Си-ен-ен.

EPA-EFE/SHAWN THEW

Полицијата од Капитол Хил соопшти дека интервенирала, бидејќи непознато лице со возило налетало на двајца полицајци.

Роберт Конти, в.д. началникот на полицијата во Вашингтон, вели дека нападот не се чини терористички.

„Но, ние ќе продолжиме со истрагата за да ги утврдиме мотивите за нападот“, додаде тој.

Си-ен-ен јавува дека блокадата на Капитол била тргната.

Од звучниците во американскиот Капитол се слушала најава дека „блокадата поради надворешна закана е завршена и да продолжат да ги следат полициските упатства“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди знамињата во Белата куќа да се спуштат на половина копје во чест на полицаецот убиен во вчерашниот инцидент во Капитол во Вашингтон.

Во изјавата, Бајден изрази сочувство до семејствата на полицајците.

„Знаеме дека ова е тешко време за Капитол, за сите оние кои работат таму и кои го штитат“, напиша Бајден, изразувајќи благодарност до полицијата во Капитол и Националната гарда за брзиот одговор на нападот.

Државниот секретар за безбедност Алехандро Мајоркас на Твитер објави дека „има уште многу работи да се откријат за овој напад“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SHAWN THEW

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе