Инцидент над Балтичко Море

Авион Ф-18 на НАТО протеран од авионот на рускиот министер за одбрана (ВИДЕО)

Руски борбен авион протера авион на НАТО, кој му се приближил на авионот во кој бил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, над неутралните води на Балтичко Море, објави руската новинска агенција Спутник.

Шојгу се враќал во Москва од руската балтичка енклава Калининград, опкружена со членките на НАТО Полска и Литванија.

Шпанскиот Ф-18 стациониран во Литванија се обидел да му се приближи на авионот на Шојгу, по што еден од двата руски Сухоја-27 го протерал.

Видеоснимката објавена во руските медиуми покажува како рускиот авион нагло свртува лево кон авионот на НАТО, принудувајќи го да се оддалечи.

Шојгу бил во Калининград на свечен почеток на изградба на нова воена академија.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе