Инцидентот во Манара, кибуц на северот на Израел, во близина на Сината линија која ја надгледуваат Обединетите нации, сѐ уште не е завршен, објави израелската војска во соопштение, не наведувајќи детали за природата на инцидентот.
„Блокирани се повеќе патишта во таа област. Забранети се сите активности на отворено, вклучувајќи ги земјоделските работи“, се додава во соопштението.
„Се повикуваат граѓаните да останат во своите домови и во близина на скривниците, спремни во краток рок да се засолнат“, порача изралеската војска.
Информацијата за инцидентот се поврзува со објавата на либански Хезболах од минатиот викенд за соборување на израелски дрон над Сината линија.
Во септември минатата година Хезболах најави дека ќе ги собори сите израелски дронови над Либан, по инцидентот во кој два дрона натоварени со експлозив се обидоа да нападнат упориште на милитантната организација на југот на Бејрут.
Израел го обвинува Хезболах дека трупа оружје на границата како подготовка за нова војна.
Либан и Израел технички се сѐ уште во војна, а задачата на единиците на ОН УНФИЛ е надзор на примирјето и повлекување на Израел од демилитаризираната зона на границата. Формирани се во 1978 година, бројат вкупно 10.500 војници и ги координираат активностите со либанската војска.
Либан ги одби разлеските предлози за реформа на УНФИЛ пред гласањето во Советот за безбедност на ОН за обнова на мандатот.