Инцидент на границата на Израел и Либан, израелската војска ги повика луѓето да останат дома

Израелската војска извести вчера за „безбедносен инцидент“ на границата со Либан, наложувајќи им на граѓаните да останат во своите домови.

EPA-EFE

Инцидентот во Манара, кибуц на северот на Израел, во близина на Сината линија која ја надгледуваат Обединетите нации, сѐ уште не е завршен, објави израелската војска во соопштение, не наведувајќи детали за природата на инцидентот.

„Блокирани се повеќе патишта во таа област. Забранети се сите активности на отворено, вклучувајќи ги земјоделските работи“, се додава во соопштението.

„Се повикуваат граѓаните да останат во своите домови и во близина на скривниците, спремни во краток рок да се засолнат“, порача изралеската војска.

Информацијата за инцидентот се поврзува со објавата на либански Хезболах од минатиот викенд за соборување на израелски дрон над Сината линија.

Во септември минатата година Хезболах најави дека ќе ги собори сите израелски дронови над Либан, по инцидентот во кој два дрона натоварени со експлозив се обидоа да нападнат упориште на милитантната организација на југот на Бејрут.

Израел го обвинува Хезболах дека трупа оружје на границата како подготовка за нова војна.

Либан и Израел технички се сѐ уште во војна, а задачата на единиците на ОН УНФИЛ е надзор на примирјето и повлекување на Израел од демилитаризираната зона на границата. Формирани се во 1978 година, бројат вкупно 10.500 војници и ги координираат активностите со либанската војска.

Либан ги одби разлеските предлози за реформа на УНФИЛ пред гласањето во Советот за безбедност на ОН за обнова на мандатот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе