САД ЈА ПРЕЗЕМАА КОНТРОЛАТА НАД ЗГРАДАТА

Имунитетот е укинат, Американците „влегоа во руската мисија во САД“ (ВИДЕО)

Американските власти ја презедоа контролата врз зградата на руската трговска мисија во Вашингтон, јавува ТАС, и додава дека во зградата се испратени американски чувари.

Шефот на руската трговска мисија во главниот град на САД, Александар Стадник, за агенцијата потврди дека според американските власти е укинат дипломатскиот имунитет на зградите на мисијата во 14 часот по локално време, објави Танјуг.

ТАС претходно објави дека Американците се подготвуваат да извршат претрес на руската трговска мисија во Вашингтон, во врска со што на Ентони Годфри советникот на Американската амбасада во Москва му беше врачена протестна нота.

„Технички, потрагата ќе биде извршена од страна на Стејт департментот“, изјави портпаролот на руската амбасада Николај Лаконин.

„Нотата истакнува дека планираното нелегитимно пребарување на руските дипломатски објекти без присуство на руски официјални лица и заканата дека влезната врата ќе биде обиена се смета за нечуена, агресивна акција што американските разузнавачки агенции би можеле да ја искористат за организирање антируска провокација, подметнувајќи компромитирачки предмети“, нагласува Министерството за надворешни работи на Русија.

Министерството додава дека Москва го задржува правото да се одмазди врз основа на реципроцитет.

„Властите на САД треба да престанат со најгрубо кршење на меѓународното право и да се откажат од нападот врз имунитетот на руските дипломатски институции. Во спротивно, го задржуваме правото да одговориме врз основа на реципроцитет“, се вели во соопштението.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека американските специјални служби имаат намера  да извршат претрес на рускиот конзулат во Сан Франциско на 2 септември, кој исто така беше затворен по барање на американските власти, како и становите на руските дипломати.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе