Имунитет на коронавирусот е можно да имаат многу повеќе луѓе отколку што се мислеше

Една неодамнешна студија покажува дека луѓето што при тестирањето немаат антитела на коронавирус, сепак може да имаат одреден имунитет, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Научниците од Каролинскиот институтот во Шведска тестирале 200 лица за антитела и Т-клетки.

Откриено е дека, на секое лице позитивно на антитела има две лица кај кои се пронајдени посебни Т-клетки што ги уништуваат оние заразени со коронавирус. Таква шема е пронајдена и кај лица што имале многу благи или никакви симптоми.

Ова би значело дека одредено ниво на имунитет на коронавирусот имаат поголема група луѓе отколку што тоа го покажуваат тестовите на антителата, како оние објавени во рамките на британското национално испитување на заразата.

Сепак, Маркус Багерт, научникот што работел на студијата, вели дека овој факт не нè води во насока на имунитет на стадо.

Потребна е поголема анализа за да се разбере дали Т-клетките обезбедуваат т.н. „стерилизирачки имунитет“ (заштита на поединецот, но тој сè уште може да биде носител на вирусот).

Ако антителата не успеат да го неутрализираат вирусот, тој може да влезе во нашите клетки и да ги претвори во фабрика на нови вируси.

Од друга страна, Т-клетките ги напаѓаат оние клетки што веќе се заразени и целосно ги уништуваат, спречувајќи вирусот да се шири во други, здрави клетки.

Исто како антителата, Т-клетките се дел од имунолошкиот систем што има меморија. Откако ќе препознае одреден вирус, може брзо да ги таргетира заразените клетки и да ги убие.

Лекот интерлеукин 7, кој го поттикнува производството на Т-клетки, сега е во фаза на тестирање во Велика Британија за да се открие дали може да им помогне на пациентите во закрепнувањето.

Иако ова е најголема студија за Т-клетки до денес, вклучувала само мала група на пациенти.

Т-клетките се многу комплексни и потешко се идентификуваат од антителата, за што се потребни посебни лаборатории и мали примероци што се тестираат во текот на неколку дена. Ова значи дека масовното тестирање за Т-клетки нема да започне толку наскоро.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе