Сенатот се подготвува да го започне судењето за импичмент против Доналд Трамп

Одговорните за судењето на претседателот Доналд Трамп, американските сенатори денес ќе положат заклетва пред претседателот на Врховниот суд кој ќе претседава со историскиот процес за отповикување, само трет во историјата против претседател на САД.

Обвинението против американскиот претседател пристигна во Сенатот во средата, воочи процесот што треба да го води Горниот дом на Конгресот со републиканско мнозинство, а ќе започне во вторник, објави шефот на републиканското мнозинството во Горниот дом на Конгресот Мич Меконел.

Трамп треба да одговора по две точки од обвинението, едната за злоупотреба на службената должност и другата за попречување на работата на Конгресот.

Демократите го обвинуваат дека ја користел својата функција за да изврши притисок врз Украина во летото 2019 година за да се испита неговиот политички противник  Џо Бајден, а потоа ја блокирал соработката на своите соработници со комитетот надлежен за истрагата во Претставничкиот дом.

Откако обвинението е потврдено во Долниот дом на Конгресот, процесот на отповикување, т.н. судење, продолжува во Сенатот.

Членовите на Претставничкиот дом притоа ја играат улогата на обвинител, Белата куќа има правни застапници, сенаторите се поротници, а со процесот претседава челникот на Врховниот суд.

Претседателот може да биде разрешен од должноста ако за тоа гласаат две третини од 100-те сенатори.

Сепак, се очекува Сенатот да го ослободи Трамп, бидејќи никој од 53 републикански сенатори јавно не се изјасни дека е за отповикување.

Но, отповикувањето за кое минатиот месец гласаше Претставничкиот дом и телевизискиот пренос на сенатското судење можат да биде непријатни за Трамп, кој на изборите на 3 ноември се бори за втор мандат, а Џо Бајден му е најверојатниот демократски противкандидат.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе