Има ли врска труењето на двојниот руски шпион во Британија со Бугарија?

Бугарија истражува можна поврзаност на нападот со нервен отров од 2018 врз поранешниот руски шпион во Англија со труење на трговец со оружје во Софија во 2015 година.

Бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров изјави денес дека Сергеј Федотов, осомничениотт за обидот за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ во Англија, три пати ја посетил Бугарија во 2015, од кои еднаш во април кога бил отруен локалниот трговец со оружје Емилијан Гебрев.

Во октомври рускиот информативен портал Фонтанка објави дека Федотов, агент на руската воена разуанавачка служба ГРУ, е третиот осомничен во случајот Скрипаљ.

Инспекторите собрале „важни докази“ за престојот на Федотов во Бугарија во рамки на истрагата за труењето на Емилијан Гебрев, кажа Цацаров.

„Ги бележиме сите податоци за неговиот престој на бугарски тло, хотелите, возилата што ги користел, контактите со бугарски граѓани“, кажа тој.

Скрипаљ и неговата ќерка Јулија беа најдени онесвестени во англискиот град Салзбери во март 2018 на клупа во парк. Британските служби објавија дека тие биле отруени со „новичок“, нервен отров развиен во времето на Советскиот Сојуз, а одговорноста за нападот им ја препишаа на двајца Руси, агенти на ГРУ кои во тоа време биле во Салзбери.

Официјална Москва ги отфрла обвинувањата за труењето на таткото и ќерката Скрипаљ кои се опоравија од нападот, но на повредите им подлегна 44-годишната државјанка Дон Стурџис која нашла шишенце од парфем со отровна содржина.

Амбасадорката на Британија во Софија, Ема Хопкинс, кажа дека Британија „продолжува тесно да соработува“ со бугарските власти.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе