Има ли Трамп здравствени проблеми? Докторка од Јеил смета дека треба да го скенира мозокот (ВИДЕО)

За време на говорот во воената академија Вест Поинт, Трамп не можел нормално да ја подигне чашата вода, туку морал да ги користи двете раце.

Screenshot

Американските медиуми тврдат дека тоа не се случило за прв пат. Имено, неодамна е објавено видео во кое тој не може да ги контролира движењата на десната рака.

Откако го заврши говорот, тој од подиумот се симнувал многу бавно и се чинел многу нестабилен, а целата ситуација ја коментираше и самиот Трамп на Твитер.

„Рампата од која се симнував по говорот во Вест Поинт беше исклучително долга и стрмна, немаше гелендер и што е најважно, беше многу лизгава.Последното нешто што сакав да го направам е да паднам за забава на „лажните“ вести. Во последните 3 метри од рампата потрчав да стигнам до рамнината. Моментум!“ напиша Трамп на Твитер.

Сепак, на видеото се гледа дека прави само два забрзани чекори.

Трамп не коментираше зошто пие вода со двете раце.

Д-р Банди Ли, психијатар од Јеил, вели дека се работи за невролошки знаци кои укажуваат на потребата за скенирање на мозокот.

Трамп веќе кревал чаша со двете раце, а ова за прв пат е снимено во 2017 година кога ја претставувал својата стратегија пред членовите на воената служба во Вашингтон.

Истата година, тој крена шише вода со двете раце, додека зборувал за трговски договор со Јапонија.

Трамп и понатаму тврди дека е совршено здрав за својата возраст, а Белата куќа неодамна објави резултати од преглед, за кои се вели дека се во согласност со неговите тврдења. Трамп денес го слави својот 74-ти роденден.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе