Тирана

Има и загинати од земјотресот во Албанија, повеќе од 150 повредени

Како последица на силниот земјотрес што во утринските часови ја погоди Албанија регистрирана е втората жртва. Станува збор за маж на возраст од 32 години, во Курбин, кој во обид да се спаси скокнал од балкон од повисок кат и загинал.

Првата жртва беше повозрасна жена во Туман, кај Фуш Круја, која живеела во станбена зграда која е целосно урната. На самото место сѐ уште се расчистува, а во меѓувреме спасени се две деца.

Дел од медумите јавуваат за трета жртва, но информацијата не е потврдена.

Според министерката за здравство, Огета Манастирлиу, повредени се 150 лица, главно со скршеници и набиеници.

Министертвото за образование соопшти дека поради актуелната состојба денеска настава нема да има во училиштата во околиите Драч, Тирана и Лежа.

Инаку, по силниот земјотрес во 3:56 часот со јачина од 6,4 степени според Рихтер, речиси со идентична јачина, 6,3 степени регистриран е потрес во 7,20 часот.

Земјотресот бил со епицентар на 30 километри северозападно од главниот град Тирана и на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван по должината на албанскиот брег.

Поширокото подрачје на Драч останал без струја.

Од албанската влада е соопштено дека најголеми штети на зградите имало во Драч.

Ова е втор силен земјотрес за два месеца што ги принудува граѓаните на Тирана и на други места да ги напуштат домовите. Земјотрес со сила од 5,6 степени ја погоди Албанија на 21 септември при што беа оштетени 500 куќи.

Овој земјотрес, според албанските власти, бил најсилниот земјотрес во изминативе 30 години.

Денешниот земјотрес беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Италија и Грција.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе