Обезбедувач во продавница во Чикаго

Им рекол на две сестри да стават маски, добил 27 убоди со нож

Џесика Хил (21) и Џејла Хил (18) се обвинети за обид за убиство во Чикаго.

Обезбедувач во една продавница во Чикаго заздравува од десетици убодни рани откако, како што соопшти окружното обвинителство, две сестри го нападнале поради тоа што им кажал дека мора да носат маски за лице.

Според Чикаго трибјун, обвинителите во вторникот рекле дека 18-годишната Џејла Хил и нејзината сестра Џесика (21) биле во продавницата за чевли „Снајпс“ во неделата околу 18 часот, непосредно пред затворањето, кога безбедносниот службеник им рекол да ја напуштат продавницата затоа што одбиле да ги измијат рацете со средство за дезинфекција и да ги покријат лицата заради спречување на ширењето на ковид-19.

Џејла Хил почнала да ја снима нивната комуникација со својот мобилен телефон, велејќи му на 32-годишниот чувар дека му ѕвони на некого да дојде „да го здроби од ќотек“, по што овој посегнал по нејзиниот телефон – кога и дошло до насилството.

Обвинителите велат дека Џесика Хил најпрво ја зграпчила кантата за ѓубре и почнала со неа да го удира обезбедувачот, тежок 120 кила, висок 2 метри.

Потоа, велат обвинителите, обете сестри почнале да го маваат со тупаници, по што Џејла го фатила за коса, а Џесика го прободела 27 пати по рацете, вратот и грбот со мало ноже скриено во чешел. Обвинителите забележуваат дека чуварот конечно се ослободил и успеал да ги задржи осомничените внатре додека да пристигнат полицајците. Тој бил пренесен во блиската болница, каде што му била дадена помош за убодните рани.

На сестрите во вторникот им било одбиено барањето за пуштање со кауција, откако биле обвинети за обид за убиство од прв степен.

„Ужасна е комплетната случајност на сето ова“, рекла судијката.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе