Илон Маск твитна дека вонземјани ги изградиле пирамидите, египетските власти му одговорија

Египет го покани милијардерот Илон Маск да ја посети таа држава и самиот да се увери дека славните пирамиди не ги изградиле вонземјани.

EPA-EFE

Шефот на Тесла и Спејсекс твитна дека „вонземијани ги изградиле пирамидите, очигледно“.

На тоа реагираше египетската министерка за меѓународна соработка и истакна дека не сака да дозволи на вонземјани да им се припишува заслугата за изградбата на пирамидите. Како доказ за тоа дека порамидите не ги изградиле вонземјани таа ги наведе откриените гробници на фараоните и египетските владетели за кои се смета дека ги изградиле.

Гробниците откриени во 90-тите години се дефинитивен доказ, според експертите, дека пирамидите навистина ги изградиле древните Египќани.

Но Маск во петокот предизвика хаос на Твитер со твитот кој го споделија 94.000 луѓе.

Египетската министерка Ранија ал Машат му одговори на Маск кажувајќи му дека го цени него и неговата работа, но дека го поттикнува дополнително да ги истражи доказите за изградбата на пирамидите градени за египетските фараони.

Се јави и египетскиот археолог Захи Хавас, кој во кратко видео го прозва Маск нарекувајќи го неговиот твит „целосна халуцинација“.

„Открив дека грбониците на градителите на пирамидите им докажуваат на сите дека градителите на пирамидите се Египќани и дека тоа не биле робови“, порача тој.

Маск подоцна твитна и линк до историски текст на Би-би-си за животите на градителите на пирамидите, кажувајќи дека тој текст убаво ја заокружуба приказната за тоа како се градени пирамидите.

Во Египет во моментов има над 100 пирамиди, но најпозната е Големата пирамида во Гиза чија висина достигнува 137 метри.

Повеќето се градени како гробници, последните почивалишта на египетските фараони.

Маск е познат по твитовите кои предизвикуваат дебати на социјалните мрежи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе