Илон Маск се предомисли: По ѓаволите, ќе продолжиме да плаќаме интернет за Украина

Илон Маск, најбогатиот човек во светот и основач на Спејсекс, се предомисли за неодамнешната одлука повеќе да не финансира интернет за Украинците преку својот систем Старлинк. 

Фото: ЕПА

„По ѓаволите... иако Старлинк продолжува да губи пари, а другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние ќе продолжиме да ја финансираме украинската влада бесплатно", објави Маск на Твитер.

Спејсекс не одговори веднаш на барањето за коментар.

Маск пред неколку дена изјави дека неговата компанија Спејсекс не може на неодредено време да го финансира интернет сервисот Старлинк во Украина или да испрати уште неколку илјади терминали во таа земја и побара од Пентагон да се вклучи со донации.

„Спејсекс не бара надоместок за минатите трошоци, но исто така не може да го финансира постоечкиот систем на неодредено време, ниту може да испрати уште неколку илјади терминали кои имаат до 100 пати поголем капацитет за податоци од тој на типичните домаќинства. Тоа е неразумно", напиша Маск на Твитер.

Маск ја активираше услугата Старлинк во Украина на крајот на февруари, откако интернет услугите во земјата беа прекинати поради руската инвазија. Оттогаш Спејсекс донираше илјадници терминали.

Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров оваа недела изјави дека услугите на Старлинк помогнале во обновувањето на енергетската и комуникациската инфраструктура во критичните области каде имало повеќе од 100 напади со руски крстосувачки ракети.

Маск изјави дека Старлинк троши речиси 20 милиони долари месечно за одржување на сателитските услуги во Украина. Тој неодамна изјави дека Спејсекс потрошил околу 80 милиони долари за да го овозможи и поддржи Старлинк во Украина.

Милијардерот неодамна на интернет се судри со украинските власти поради мировниот план што го претстави, за кој Украина вели дека е премногу дарежлив кон Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе