„Размислувам да се повлечам од позициите и да станам инфлуенсер со полно работно време“, напиша Маск на Твитер без да даде дополнителни објаснувања.
Засега не е јасно дали Маск сериозно го мисли она што го напиша, наведе Ројтерс.
thinking of quitting my jobs & becoming an influencer full-time wdyt
— Elon Musk (@elonmusk) December 10, 2021
Маск, кој исто така е основач и извршен директор на Спејсекс и го води стартапот Неуралинк и компанијата Боринг компани, во јануари изјави дека верува дека ќе биде извршен директор на Тесла „неколку години“.
„Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работам по цели денови и ноќи; седум дена во неделата, од моментот кога ќе се разбудам па сè додека не отидам на спиење. Тоа е прилично интензивно“, рече тогаш Маск.
Минатиот месец тој ги праша своите следбеници на Твитер дали треба да продаде 10% од својот удел во Тесла, на што повеќето одговорија потврдно. Потоа продаде акции во вредност од речиси 12 милијарди долари.