Илон Маск: Преземањето на Твитер е привремено сопрено

Милијардерот Илон Маск кажа дека неговото преземање на Твитер е привремено стопирано. Објасни и зошто.

EPA-EFE

„Договорот околу преземањето на Твитер привремено е на чекање за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат помалку од 5 отсто од корисниците“, објави Маск.

Маск на крајот на април го најави купувањето на Твитер за 44 милијарди долари. Тогаш се огласија и од компанијата.

„Твитер потврдува дека постигна дефинитивен договор за купопродажба. Компанијата целосно ќе го аквизира ентитетот во сопственост на Илон Маск со 54.20 по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија“, објави Твитер.

„Акционерите на Твитер, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долари за секоја акција на Твитер која ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е 38 отсто поголема од берзанската цена на акцијата на Твитер на 1 април 2022, последниот ден на трговија со акциите пред господинот Маск да објави дека купил удел од околу 9 отсто“, додаде компанијата.

Маск ќе стане сопственик на платформата која ја смета за „јавен дигитален простор на кој ќе се дебатира за суштински важни содржини за човештвото“.

„Слободата на говорот е темел на демократијата“, порача Маск.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе