Илон Маск ослободен на суд иако спасувачот од Тајланд го нарече педофил

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во петокот беше ослободен во судската постапка за клевета во Лос Анџелес, по објавата на Твитер, во која во летото 2018 година британскиот спелеолог го нарече „педофил".

На поротата ѝ беше потребно помалку од еден час за да донесе ослободителна пресуда за милијардерот роден во Јужноафриканската Република во медиумски доста покриениот случај во кој Британецот Вернон Ансворт го обвини дека испраќањето на неговата подморница за да се спасат деца од потопената пештера во Тајланд, било само „реклама“.

Во 90-минутниот говор во федералниот суд во Лос Анџелес, адвокатот на Ансворт го опиша Маск како „милијардер тиранин“, а својот клиент како човек со скромно потекло, чиј живот се превртел по нивната расправија, што се нашла во фокусот на медиумските извештаи.

Вернон Ансворт на суд барал 190 милиони долари обесштетување за клевета.

Сè започна во летото 2018 година кога Маск испрати подморница, која тој самиот ја дизајнирал за да помогне во спасувањето на децата од пештерата во Тајланд.

Вернон Ансворт, кој учествувал во спасувањето, во разговор за Си-ен-ен, мисијата на Маск ја нарекол „реклама“. Тој рече дека подморницата е бескорисна и дека милијардерот „може да си ја стави таму каде што боли“.

Сопственикот на „Тесла“ и „Спејсекс“ реагираше на Твитер нарекувајќи го „педофил“.

Илон Маск по неколку дена ја избриша објавата и се извини.

Ансворт претходно изјави дека тој бил „понижен и оцрнет“ до крајот на животот, откако Маск „јавно го нарече педофил“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе