„Ако Светската програма за храна може точно да ми објасни како шест милијарди долари ќе го решат проблемот со гладот во светот, веднаш ќе ги продадам своите акции во Тесла”, напиша Маск на Твитер.
Бизли, директорот на агенцијата на ОН, претходно кажа дека два отсто од богатството на Маск би можеле да го решат проблемот со гладот во светот.
„Шест милијарди долари би можеле да спречат 42 милиони луѓе да умрат од глад”, наведе Бизли.
Според процената на Блумберг, богатството на Маск изнесува повеќе од 310 милијарди долари.
Покрај Маск, најбогатиот човек во светот, во искоренувањето на гладот Бизли го повика да помогне и вториот на тој список, основачот на Амазон Џеф Безос.