Илон Маск: Ќе ги продадам акциите на Тесла ако тоа може да го реши проблемот со гладот

Американскиот иноватор Илон Маск, основач на компанијата Тесла, одговори на критиките на директорот на Светската програма за храна Дејвид Бизли дека мал дел од неговото богатство би можел да го реши проблемот со гладот во светот.

Фото: ЕПА

„Ако Светската програма за храна може точно да ми објасни како шест милијарди долари ќе го решат проблемот со гладот во светот, веднаш ќе ги продадам своите акции во Тесла”, напиша Маск на Твитер.

Бизли, директорот на агенцијата на ОН, претходно кажа дека два отсто од богатството на Маск би можеле да го решат проблемот со гладот во светот.

„Шест милијарди долари би можеле да спречат 42 милиони луѓе да умрат од глад”, наведе Бизли.

Според процената на Блумберг, богатството на Маск изнесува повеќе од 310 милијарди долари.

Покрај Маск, најбогатиот човек во светот, во искоренувањето на гладот Бизли го повика да помогне и вториот на тој список, основачот на Амазон Џеф Безос.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе