Најбогатиот човек на светот

Илон Маск има предлог за мир меѓу Украина и Русија во 4 точки

Извршниот директор на вселенската компанија Спејсекс Илон Маск на Твотер го објави неговиот предлог за мир меѓу Украина и Русија кој содржи четири точки.

EPA-EFE

Како што напиша Маск, тој предлага да се повторат гласањата во припоените региони на истокот на Украина во кои Москва спроведе референдуми, но овој пат тие да бидат под надзор на Обединетите нации.

„Русија заминува ако тоа е волјата на народот’, напиша Маск на Твитер.

Додава дека според неговиот предлог Крим останува формален дел од Русија.

„Како што беше од 1783, до грешката на Хрушчов“, пишува Маск и додава дека водоснабдувањето на Крим би било обезбедено, имајќи предвид дека полуостровот има проблеми со снабдувањето со вода поради Киев.

Како последна точка Маск предлага Украина да остане неутрална, што е важно имајќи предвид дека земјата официјално поднесе барање за членство во НАТО.

Маск ги повика корисниците на Твитер да гласаат за овој предлог.

Тој од почетокот на руската инвазија на Украина повеќе пати на Киев му испраќа опрема.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе