Илон Маск го помина Ворен Бафет на листата на најбогатите луѓе во светот

Вредноста на имотот на Илон Маск во петкот ја надмина вредноста на имотот на Ворен Бафет и извршниот директор на Тесла стана седма најбогата личност во светот, според Индексот на милијардери на Блумберг.

EPA-EFE

Богатството на Маск во петокот порасна за 6,07 милијарди долари, објави Блумберг, по растот на акциите од 10,8 отсто на компанијата за производство на електрични автомобили.

Вредноста на имотот на Бафет се намали претходно неделава кога во хуманитарни цели донираше околу 2,9 милијарди долари во акции на конгломератот Беркшир хатавеј на четири хуманитарни организации и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, што е најновиот, но не и најголем придонес во рамки на неговиот план да го раздели своето богатство.

Основачот на Амазон Џеф Безос е најбогатиот човек во светот со 179 милијарди долари, а коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс е втор со 116 милијарди.

Акциите на тесла скокнаа за 500 отсто во текот на минатата година откако компанијата почна со продажба на моделот 3.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе