Илон Маск е под истрага поради неговите постапки во врска со Твитер

Илон Маск е под истрага од федералните власти поради неговото однесување во договорот за преземање на Твитер, вреден 44 милијарди долари, се вели во судската пријава објавена во четвртокот.

Фото: ЕПА

Федералните власти на Соединетите Американски Држави покренале истрага против американскиот милијардер Илон Маск за неговото однесување за време на преземањето на Твитер, се вели во судската пријава.

Иако во пријавата е наведено дека тој е под истрага, не е прецизирано што точно било фокусот на истрагата и кои федерални власти ја водат, пишува Ројтерс.

Твитер, кој го тужеше Маск во јули за да го принуди да го склопи договорот, рече дека адвокатите на извршниот директор на Тесла побарале „истражна привилегија“ кога одбиле да ги предадат документите што ги побарале.

Маск и компанијата Твитер во наредните денови би можеле да постигнат договор за прекин на парницата, што ќе му овозможи на најбогатиот човек на светот да ја купи компанијата за 44 милијарди долари.
 
Маск му предложи на Твитер, доколку компанијата го прекине спорот со него, да се согласи со условите од договорот постигнат во април – да ја купи компанијата за 54,20 долари по акција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе