Илјадници Турци протестираа против излегувањето на Турција од Истанбулската конвенција (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници луѓе во Турција протестираа против излегувањето на нивната држава од Истанбулската конвенција, меѓународниот договор за превенција на семејното насилство.

EPA-EFE

Демонстрантите во центарот на Истанбул носеа транспаренти како: „Не се откажуваме од Истанбулската конвенција. За нас не е готово“.

Протести беа одржани и во престолнината Анкара, крајбрежниот град Измир и други градови, секаде со масовно полициско присуство.

„Турција го врати часовникот за женските права 10 години наназад“, кажа генералната секретарка на Амнести интернешнал Агнес Каламард, нарекувајќи ја турската одлука безобѕирна и опасна порака бидејќи им овозможува на злоставувачите да избегнат казна.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган го најави повлекувањето на Турција од конвенцијата во март, а одлуката стапи на сила денес.

Турските власти излегувањето од документот го објаснија со тврдење дека го грабнале оние кои сакаат да ја нормализираат хомосексуалноста.

Ердоган во обраќањето кажа дека некои во Турција сакаат погрешно да ја претстават одлуката како чекор наназад.

„Нашата борба против насилството врз жените не почна со Истанбулската конвенција ниту ќе заврши со нашето повлекување“, порача тој.

Турскиот лидер смета дека државата веќе има ефикасни закони против насилството, а најави и акциски план за ширење на свеста на општеството за семејното насилство.

Истанбулската конвенција во 2011 ја создаде Советот на Европа, а претставува правна рамка на ниво на континентот за спречување и борба против насилството врз жените.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе