Илјадници Турчинки на улица по одлуката на Ердоган да се повлече од договорот против семејно насилство (ВИДЕО)

Повеќе илјади жени протестираа вчера на улиците на Истанбул, барајќи владата да ја промени својата одлука за повлекување од Истанбулската конвенција, меѓународен договор против семејното насилство.

Фото: ЕПА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги вџаши европските колеги минатата недела објавувајќи дека Турција се повлекува од Истанбулската конвенција, конвенција на Советот на Европа дадена за потпишување во Истанбул на 11 мај 2011 година.

Турција беше меѓу првите потписнички на конвенцијата, а жените сега предупредуваат дека нивната безбедност е загрозена од одлуката на Ердоган да се повлече.

Со силно полициско обезбедување, демонстрантите се собраа на крајбрежјето, веејќи виолетови знамиња и извикувајќи пароли како „Убиствата на жените се политички“. На еден транспарент пишуваше „Заштитете ги жените, а не вршителите на насилство“.

„Повлекувањето од Истанбулската конвенција е катастрофа за милиони жени и деца што живеат во оваа земја“, рече директорката на Амнести интернешнел во Турција, Еце Унвер, повикувајќи ја владата да ја повлече одлуката.

Податоците на СЗО покажуваат дека 38 проценти од жените во Турција доживеале насилство од партнерот, во споредба со 25 проценти во Европа.

Проценетата стапка на убиства на жени во Турција, за која нема официјални податоци, е приближно тројно зголемена во последните десет години, според мониторинг-организацијата.

Луѓето на Ердоган тврдат дека конвенцијата „ги поткопува семејните структури“

Досега оваа година 87 жени биле убиени или починале во сомнителни околности.

„Ние нема да се предадеме. Ќе бидеме тука додека не ги вратиме слободата и конвенцијата. Нема да се откажеме од конвенцијата“, рече студентката Селин Асалар Челик.

Конзервативците во Ердогановата Партија на правдата и развојот (АКП) посочуваат дека конвенцијата, која ја нагласува родовата еднаквост и ја забранува дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација, ги поткопува семејните структури и го охрабрува насилството.

Официјални лица оваа недела истакнаа дека жените во Турција се заштитени со домашните закони, а не со странски договори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе