„Да на животот“

Илјадници Шпанци протестираа во Мадрид: „Абортусот треба да се забрани“ (ВИДЕО)

Неколку илјадници луѓе денес протестираа во центарот на Мадрид против абортусот кој во Шпанија е одобрен во првите четиринаесет недели од бременоста.

Извикувајќи слогани „Да на животот“ и „Обединета младина се бори за живот“, демонстрантите поминаа по улицата Серано до портата Алкала, каде што во воздух пуштија стотици зелени балони „во спомен на неродените“, велат организаторите.

„Абортусот треба да се забрани. Веќе од зачнувањето постои живот кој е независен од мајката и кој ги има сите права“, за АФП изјави Алехандра Антон, 32-годишна медицинска сестра која дојде на протест со својот сопруг и двете мали деца, на една година и три месеци.

Собирот која помина во свечена атмосфера, со транспаренти од типот „Правото на живот е за сите, без исклучок“, е организиран на повик од здружението Да на животот.

Според шпанскиот закон кој левицата го донесе во 2010 година, жените може да имаат абортус во првите 14 недели од бременоста, што е на ниво на другите европски земји.

Конзервативната Народна партија (ПП) во 2013 година предложи измени заради ограничување на абортусот во некои исклучителни случаи, но по полемиката што следеше го повлече предлогот.

Екстремно десничарската партија Вокс, која на следните парламентарни избори, според анкетите треба за прв пат да влезе во парламентот, предлага абортусот да се исклучи од системот на јавно здравство.

Парламентарни избори се распишани за 28 април. Според анкетите, Социјалистичката партија на актуелниот премиер Педро Санчез освои најголем број гласови, но ПП, либералите на Циудаданос и Вокс можат да формираат коалиција на десницата и крајната десница.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе