Индонезија

Илјадници протестираат во Папуа, запалена зградата на парламентот (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници протестирале против притворањето на десетици студенти за време на викендот, при што протестите прераснале во немири и зградата на локалниот парламент во регионот Папуа во Индонезија била запалена.

Демонстрантите излегле на улиците во Маноквари, главниот град на провинцијата Западна Папуа, со што градот од околу 130.000 жители бил во застој, а зградата на парламентот изгорела речиси до темел.

Некои демонстранти запалиле продавници и возила, рушеле улични знаци и фрлале камења кон владините згради, според известувач на АФП од местото на настанот, кој проценил дека биле присутни неколку илјади демонстранти.

Министерот за безбедност на Индонезија, Виранто, кој има само едно име, апелирал за смиреност велејќи дека ќе има истрага за инцидентот кој предизвикач немири во Маноквари, како и протести во неколку други папуански градови во понеделникот.

„Ова јасно го наруши нашето единство како нација“, рече тој.

Немирите ја обележуваат најновата криза во регионот погоден од повеќедецениски бунт против индонезиската власт и обвинувања дека нејзините безбедносни сили нашироко ги злоупотребуваат своите права против етничкото меланежанско население.

Папуа дели граница со независна Папуа Нова Гвинеја (ПНГ), северно од Австралија.

Поранешната холандска колонија во раните шеесетти години прогласила своја независност, но соседна Индонезија по референдумот за независност спонзориран од ОН, нашироко сметан за фарса, ја презела контролата врз богатиот регион.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе