„Марш против Маракеш“

Илјадници протестираа против Договорот за миграција на ОН во Брисел (ФОТО+ВИДЕО)

Полицијата распореди водени топови за време на протестот против контроверзниот пакт за миграција на ОН во Брисел. Полицајците влегоа во судир со демонстрантите кои фрлаа петарди.

Протестот се одвиваше под мото „Марш против Маракеш“ според името на градот каде што во декември беше потпишан договорот. Организиран е од страна на десничарската партија Вламс беланг која долго време е гласен противник на договорот.

Протестот првично започнал мирно, по што некои од учесниците палеле петарди и фрлале шишиња додека се движеле по улицата.

Дел од толпата што денес исто така го изрази својот гнев искорнувајќи и фрлајќи сообраќајни знаци и како што се чини дел од некои огради.

Полицијата за немири во полна опрема излезе да ги смири нередите. А подоцна користеа водени топови против некои од демонстрантите.

Полицијата соопшти дека најмалку 5.000 лица учествувале во протестот во главниот град на Белгија. Во центарот на градот исто така се одржал и посебен контра-протест од околу 1.000 лица, организирани од левичарски групи и невладини организации.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе