Хаос во Вашингтон, протестираат илјадници приврзаници на Трамп (ВИДЕО)

Илјадници приврзаници на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп дојдоа во Вашингтон за да ги поддржат неговите очајнички обиди да го смени резултатот на изборите на кои загуби од демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Фото: ЕПА

Приврзаниците на шефот на Белата куќа воодушевено скандираа кога Трамп прелета над нив со претседателскиот хеликоптер, на пат кон Њујорк, каде што ќе присуствува на фудбалски натпревар меѓу американската копнена војска и морнарицата.

За време на демонстрациите, повремено избиваа судири меѓу приврзаниците и противниците на Трамп, а во извештајот на АП се наведува дека четири лица се згрижени во болница со убодни рани, додека, според податоците на градската полиција во Вашингтон, 23 се приведени.

На својот профил на Твитер, Трамп изрази изненадување од собирот на неговите приврзаници во Вашингтон и најави дека ќе се види со нив.

Протестите на приврзаниците на Трамп се смислени како начин да се покаже неговата сила, два дена пред електорите, избрани на претседателските избори на 3 ноември, да се состанат за официјално да го изберат новиот претседател на САД.

Трамп, чиј мандат истекува на 20 јануари, сè уште одбива да го признае поразот на изборите и продолжува да дава неаргументирани обвинувања за изборна измама, отфрлени од судовите на сојузните држави, а вчера и пред Врховниот суд на САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе