Илјадници Полјаци ги блокираа улиците, бараат да се укине забраната на абортусот (ВИДЕО)

Илјадници Полјаци денес ги блокираа улиците со автомобили, велосипеди и пешки, на петтиот ден на протестите против пресудата на уставниот суд со која се воведува речиси целосна забрана на правото на абортус во мнозински католичката нација.

EPA-EFE

Носејќи транспаренти „Доста“, „Нема да бидам ваша маченичка“ и „Сакам право на избор, а не терор“, демонстрантите се собраа во неколку десетици градови и покрај рестриктивните мерки против коронавирусот.

„Жените се силни“, кажа Малгожата Рутковска, стоејќи на една од главните улици на Варшава, истакнувајќи дека протестите ќе продолжат сѐ до укинување на забраната.

Пресудата која минатиот четврток ја донесе уставниот суд предизвика невидена критика против моќната Католичка црква во Полска, за која се смета дека има тесни врски со конзервативната националистичка влада на партијата Право и правда.

Зајакна и критиката против Право и правда, партијата која дојде на власт пред повеќе од пет години на крилата на ветувањата дека ќе ги воведе традиционалните вредности.

Кога пресудата ќе стапи на сила, абортусот ќе биде забранет и во случај на дефекти на фетусот. Ќе биде дозволен само во случај на силување, инцест или ако здравјето и животот на мајката се загрозени.

Критичарите тврдат дека судот донел одлука во име на владејачката партија, која во минатото се воздржуваше од заострување на законот за абортус поради незадоволството на јавноста. Партијата тоа го негира. Судот е дел од владиниот план за реформи на правосудниот систем, кој го критикува Европската комисија обвинувајќи ја владата дека со политизација на судовите го саботира владеењето на законите. Владата повика на прекин на протестите поради растечкиот број на случаи на зараза со коронавирусот кој се заканува со колапс на здравствениот систем.

Освен изолирани судири со полицијата, протестите главно останаа мирни, а во некои случаи локални медиуми јавија дека полицијата ги поддржала демонстрантите.

„Она што се случува во изминатите денови е апсолутно неприфатливо. Пандемиските мерки се кршат“, кажа Михал Дворжик, шеф на кабинетот на премиерот Матеуш Моравјецки.

Полскиот парламент утре ќе расправа за влијанието на пресудата врз владината програма за помош на семејствата со деца со тешкотии во развојот.

Протестите треба да продолжат во близина на домот на лидерот на Право и правда, Јарослав Качињски, во елитен кварт на Варшава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе