Илјадници на собир за поддршка на италијанскиот десничар Салвини

Илјадници тврдокорни поддржувачи на италијанската десничарска партија Лига од северот на земјата се собираат денес во Ломбардија на собир за поддршка на лидерот на партијата, Матео Салвини.

Салвини се обидува повторно да се врати како опозициски лидер по сериозниот пропуст во буџетот што ја чинеше неговата партија да отпадне од власта.

Поддржувачите со шалови на кои пишува „Салвини засекогаш“ или маици со натпис „Салвини премиер“ пристигнаа на поле во местото Понтида, кај Бергамо, за годишниот митинг на Лига. Понтида има долга историска поврзаност со националистичките движења.

Салвини се обидува да ја активира својата база во спротивставување на коалициската влада на Движењето Пет ѕвезди и Демократската партија која ја презеде должноста минатата недела.

Салвини е исклучен од владата и ја загуби позицијата на тврдокорен италијански антиимигрантски министер за внатрешни работи.

Анкетата објавена денес во финансискиот дневник Соле-24 Оре покажува дека и покрај погрешните политички чекори на Салвини, неговата Лига е сè уште најсилната партија во Италија со поддршка од 34 проценти.

Првата 14-месечна влада на актуелниот премиер Џузепе Конте падна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигрантска партија Лига од коалицијата во неуспешен обид да издејствува предвремени избори за тој да стане премиер.

И покрај големите ривалитети Движењето Пет Ѕвезди и Демократската партија на левиот центар успеаја да формираат нова коалиција и да избегнат предвремени парламентарни избори.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе