Салвини се обидува повторно да се врати како опозициски лидер по сериозниот пропуст во буџетот што ја чинеше неговата партија да отпадне од власта.
Поддржувачите со шалови на кои пишува „Салвини засекогаш“ или маици со натпис „Салвини премиер“ пристигнаа на поле во местото Понтида, кај Бергамо, за годишниот митинг на Лига. Понтида има долга историска поврзаност со националистичките движења.
Салвини се обидува да ја активира својата база во спротивставување на коалициската влада на Движењето Пет ѕвезди и Демократската партија која ја презеде должноста минатата недела.
Салвини е исклучен од владата и ја загуби позицијата на тврдокорен италијански антиимигрантски министер за внатрешни работи.
Анкетата објавена денес во финансискиот дневник Соле-24 Оре покажува дека и покрај погрешните политички чекори на Салвини, неговата Лига е сè уште најсилната партија во Италија со поддршка од 34 проценти.
Првата 14-месечна влада на актуелниот премиер Џузепе Конте падна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигрантска партија Лига од коалицијата во неуспешен обид да издејствува предвремени избори за тој да стане премиер.
И покрај големите ривалитети Движењето Пет Ѕвезди и Демократската партија на левиот центар успеаја да формираат нова коалиција и да избегнат предвремени парламентарни избори.