„Смрт на Америка“

Илјадници на погребот на убиениот ирански генерал (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа денес во Багдад извикувајќи „Смрт на Америка“ пред погребната поворка во знак на жалост за убиениот ирански воен командант Касем Сулејмани и лидерот на ирачките милиции Абу Махди ал Мухандис и останатите кои беа убиени во американскиот воздушен напад во Ирак.

Нападот врз багдадскиот аеродром во петокот, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, е голема ескалација во „необјавената војна“ на Блискиот Исток меѓу Иран и САД и американските сојузници, главно Израел и Саудиска Арабија.

Сулејмани е еден од најистакнатите воени команданти на Иран и архитект на неговото растечко влијание на Блискиот Исток.

Мухандис е заменик командант на ирачките Народни сили за мобилизација (ПМФ), врховното тело на паравоените групи.

Погребната поворка се одржа во багдадскиот кварт Кадимија, каде што се наоѓа шиитско светилиште со крај во шиитскиот свет град Наџаф.

Нападот во петокот ги подели мислењата во Ирак.

Многумина го осудуваат нападот, а во Сулејмани гледаат јунак поради неговата улога во поразувањето на милитантите на Исламска држава.

Други го одобруваат и тврдат дека Сулејмани и Мухандис поддржувале употреба на сила против невооружените антивладини демонстранти минатата година и ги формирале милициите кои демонстрантите ги обвинуваат за многу ирачки општествени и економски проблеми.

Голем број Ирачани го критикуваат Вашингтон бидејќи убил луѓе на нивна територија и дека ја турка земјата во можна нова војна.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе