По повторното отварање на границите

Илјадници мигранти заглавени во Колумбија (ВИДЕО)

Околу 9000 лица се заглавени во Колумбија, кои на пат кон Северна Америка поминуваат по таа рута, откако меѓународните граници по „блокадите" се повторно отворени, соопшти колумбиската Агенција за миграција.

Screenshot

Илегалните мигранти, претежно Хаитијци, но и Венецуеланци и Кубанци, како и државјани на бројни африкански земји, се „заглавени“ во Некокли, колумбиската покраина Антиокија, рече директорот на Агенцијата за миграција, Хуан Франциско Еспиноза, на виртуелна прес-конференција.

„Ова е историски феномен што се повторува. Имено, Колумбија не е ниту причина ниту дестинација на овие мигранти“, рече Еспиноза.

Мигрантите се надеваат дека ќе можат да поминат низ Некокли и да го продолжат своето патување за Панама, а потоа кон Северна Америка. Нивната цел е претежно САД или Канада, рече Еспиноза.

Тој додаде дека, иако вообичаено годишно низ регионот минуваат околу 30.000 лица, минатата година поради рестриктивните мерки воведени за контрола на ширењето на коронавирусот минале само 4.000 лица.

Но, со отворањето на границите во 2021 година, протокот на мигранти во регионот досега бил многу поголем во споредба со истиот период минатата година, рече Еспиноса.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе