Илјадници луѓе на улиците на Франција: Мирно заврши протестот против Г7 (ФОТО+ВИДЕО)

Протестниот марш на повеќе илјадници активисти против самитот Г7 заврши мирно. Колоната од француското место Андес стаса во шпанскиот Ирун, недалеку од Бијариц.

За време на протестот немало апсења или инциденти, а според проценките во него учествувале околу 9.000 луѓе, соопшти регионалната полиција, пренесе АП.

На анти-глобалистите и активистите за заштита на животната средина им се придружија и демонстрантите на движењето Жолти елеци и баскиските сепаратисти. Некои носеле маски со ликови од лидерите на Г7.

Тие протестираа против економската и климатската политика на најразвиените индустриски земји и промовирале алтернативи. „Водечките капиталистички лидери се тука и ние треба да им покажеме дека борбата продолжува. Богатите имаат сè повеќе пари, а сиромашните немаат ништо. Гледаме како горат шумите на Амазонија и се топи Арктикот. Лидерите ќе нè слушнат“, рече Ален Мисана, облечен во жолт елек - симбол на антивладините демонстрации во Франција.

Демонстрантите носеле транспаренти со различни пораки - од оние што се однесуваат на правата на геј популацијата, до оние упатени до лидерите на Г7, пренесе Ројтерс.

Самитот на Г7 во Бијариц е обезбеден од повеќе од 13.000 полицајци со поддршка на војници.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе