Ковид-19

Илјадници луѓе на концерт во Англија без маски и дистанца (ВИДЕО)

Речиси 5.000 луѓе беа во можност да пеат и танцуваат без маски и физичко растојание на музички фестивал на северот на Англија, прв пробен ваков настан одобрен по карантинот.

Фото: скриншот

Распродадениот концерт се одржа во Сефтон парк во Ливерпул, како дел од владиниот план за тестирање на безбедноста, кој планира да го воведе од 21 јуни, кога треба да се укинат најголем дел ограничувања.

„Повторно правиме нормални работи што ги прават нормалните луѓе... конечно!“, рече пресреќниот Мет Бери прегрнувајќи ги своите пријатели недалеку од сценскиот шатор.

Британската влада одобри ограничен број учесници во спортски настани, како што е фудбалски натпревар на стадионот Вембли во Лондон. Експертите разгледуваат различни пристапи кога станува збор за вентилацијата и растојанието.

Сите учесници на фестивалот, кој се одржуваше два дена, мораа да направат антигенски тест пред да влезат и мораше да бидат тестирани по концертот. Тие мораа да ги остават и своите податоци.

Престижните награди Брит авордс на 11 мај во Лондон ќе соберат 4.000 гледачи, кои ќе мора да приложат негативен тест за коронавирусот.

Според владините податоци, повеќе од 34 милиони луѓе во земјата примиле барем прва доза од вакцина.

Од почетокот на пандемијата починаа повеќе од 127.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе