Илјадници Израелци се за Нетанјаху и покрај тоа што е обвинет за корупција (ВИДЕО)

Илјадници луѓе излегоа вчера на улиците на Тел Авив за да му изразат поддршка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој минатата недела беше обвинет за корупција.

„Нетанјаху, народот е со тебе“ и „Не на правосудната диктатура“ можеше да се прочита на транспарентите кои ги носеа демонстрантите.

За собирот, прв по поднесувањето обвинување против некој израелски премиер, неговата партија Ликуд организираше автобуски превоз од целата земја.

Додека во Ликуд се слушаат повици за оставка на Нетанјаху, поранешниот министер Гидеон Сар побара партиски избори за функцијата претседател на десничарската партија, за што други министри отворено го поддржаа.

„Кога нашиот премиер го напаѓаат на сите фронтови, време е да се обединиме и да го зајакнеме“, напиша на Фејсбук министерката за култура и спорт Мири Регев, блиска до Нетанјаху.

Бенјамин Нетанјаху, обвинет за корупција, може да остане на должност и во сегашната „преодна влада“, потврди вчера главниот јавен обвините Авикај Манделблит по повиците на оставка на премиерот.

70-годишниот Нетанјаху беше обвинет на 21 ноември за корупција, злоупотреба на позицијата и малверзации во три одвоени случаи.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе