Џин драјв технологија

Илјадници „хакнати“ комарци ќе бидат ослободени во едно африканско село (ВИДЕО)

Илјадници генетски модифицирани комарци ќе бидат ослободени во едно село во Буркина Фасо, во рамки на проектот за истребување на инсектите кои пренесуваат маларија.

Ова е за прв пат во една африканска земја во природа да се ослободат генетски модифицирани (ГМ) комарци, објави Би-би-си.

Научниците веруваат дека оваа напредна технологија ќе постигне исклучително добри резултати и ќе спаси многу животи.

„Стигнавме до најважниот дел од овој проект, а тоа е дека за прв пат во една африканска земја ќе ослободиме во животната средина ГМО комарци“, изјави Алекос Симони, од Универзитетот Империјал колеџ Лондон. „Користиме технологија позната како Џин драјв. Со нејзина помош ќе можеме во рамки на целата популација на комарци да ја прошириме генетската модификација, што драматично ќе го намали ширењето на маларија“.

Првата генерација на генетски модифицирани комарци нема да го спречи ширењето на болеста, но ќе го подготви теренот за втората генерација, која ќе биде дизајнирана да пренесува неплодност кај комарците. Во претходната фаза на овој проект, научниците во животната средина ослободија обоени комарци за да можат да ги следат и проучуваат нивните навики и движења.

Некои изразија загриженост за влијанието на генетски модифицираните инсекти врз животната средина. Но, експертите уверуваат дека нема причина за страв. „Ќе ги ослободиме ГМО комарците дури кога ќе бидеме убедени дека технологијата е безбедна и ефикасна“, рече Алекос Симони.

Како последица на маларија во светот во 2016 година починаа повеќе од 445.000 лица.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе