Илјадници десничари одржаа собир во Милано: „Ќе ја смениме историјата“ (ВИДЕО)

Националистичките и крајно десните партии од разни делови на Европа одржаа вчера собир во Милано, предводени од потпретседателот на италијанската влада Матео Салвини, ветувајќи дека ќе ја преобликуваат Европа по изборите за Европскиот парламент следната недела.

Салвини, лидерот на партијата Лига, верува дека неговата десничарска алијанса ќе освои рекорден број места на изборите кои се одржуваат од 23 до 26 мај, што ќе му овозможи во ЕУ да се слуша нивниот глас следните пет години.

На главниот плоштад во Милано, пред монументалната катедрала Дуомо, се собраа повеќе илјади десничари.

На собирот учествуваа партии од 11 земји, вклучувајќи го францускиот Национален собир (РН), германската Алтернатива за Германија (АфД) и холандската Партија на слободата (ПВВ).

Сето ова сепак помина во сенка на скандалот кој ја погоди Партијата на слободата на Австрија (ФПО), важен сојузник на Салвини, чиј лидер вчера поднесе оставка на функцијата вицеканцелар откако беше откриено дека на странци им нудел државни договори во замена за политичка поддршка.

Главната порака на вчерашниот собир беше „Италија е прва“.

„Ви благодарам што сте денес тука за да ја смениме историјата“, кажа претседателот на италијанската Лига Матео Салбини, кој е заменик на италијанскиот премиер и министер за внатрешни работи.

„Помогнете ни да станеме прва партија во Европа, да ги земеме клучевите од нашата куќа. Европските избори се референдум меѓу животот и смртта, минатото и иднината, меѓу слободна Европа и исламска држава заснована на страв“, порача тој.

Оние кои не планираат да го употребат своето гласачко право веднаш ги нарече „соучесници“ на германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Лидерката на крајно десната француска партија Национален собир Марин ле Пен, лидерот на Алтернатива за Германија Јерг Мутен и холандскиот популистички лидер Герт Вилдерс беа меѓу говорниците.

„Ова е историски момент“, кажа Марин ле Пен. „Пред пет години бевме изолирани, но денес, со нашите сојузници, конечно сме во позиција да ја смениме оваа Европа“, кажа таа прогнозирајќи дека новиот десничарски сојуз ќе биде третата најголема политичка група во новиот состав на ЕП.

Анкетите покажуваат дека би можеле да бидат четврти, но Ле Пен очекува да им се придружат и некои други партии, вклучувајќи го унгарски Фидес, кој сега е дел од европскиот мејнстрим.

Унгарскито премиер Виктор Орбан јавно го поддржа Салвини и вети дека ќе соработува со него по изборите, но се противи на каков било сојуз со Ле Пен.

Крајно десничарскиот сојуз има заеднички цели за враќање на овластувањата на државите членки, сузбивање на емиграцијата и спречување на ширењето на исламот. Но често имаат различни социјални и економски политики.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе