Илјадници десничари и противници на вакцинација на забранет протест во Германија

Илјадници противници на мерките за борба против пандемијата на коронавирусот излегоа денес на улиците на германските градови.

Screenshot

Во Дрезден, стотици приврзаници на движењето Кверденкен, десничарски активисти и противници на вакцинацијата кои го негираат ковид-19, излегоа на улиците и покрај забраната за демонстрации издадена од државниот суд.

„На терен сме од раните утрински часови за да го забраниме протестот“, рече портпаролот на полицијата.

Многу учесници не носеле маски, што е задолжителна мерка во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Демонстрантите скандирале „Пандемијата е готова“.

Во меѓувреме, во јужниот град Штутгарт, стотици луѓе се собрале под слоганот „Доста беше“. Нивниот број далеку ги надминал првично регистрираните 750 учесници, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека меѓу 80 и 90 проценти од демонстрантите не носеле маски ниту држеле дистанца.

Во саботата, полицијата ги растури демонстрациите против мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот со неколку илјади учесници во близина на баварскиот државен парламент во Минхен.

„Протестот беше запрен од полицијата поради непочитување на условите“, рече портпаролот на полицијата.

Сепак, не сите учесници го исполниле барањето за разидување.

Околу 2.000 луѓе исто така се собрале во знак на протест против мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Дизелдорф, поддржани од конвој од повеќе од 100 кампери.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе