Илјадници Албанци заглавија на грчката граница поради коронавирусот, некои чекаат веќе три дена (ВИДЕО)

Илјадници Албанци кои работат во Грција заглавија на границата меѓу двете земји  обидувајќи се да ја поминат пред за два дена да стапи на сила обврската за негативен резултат на тест за ковид-19, соопшти албанската полиција.

EPA-EFE

Колона со 4.000 возила долга повеќе од 20 километри се формирала на граничниот премин Каквија, на југот на Албанија, откако на почетокот на неделата беа најавени новите грчки мерки.

Од 16 август во Грција од Албанија ќе можат да влезат најмногу 750 луѓе на ден. Тие ќе мора да имаат негативен тест за ковид-29 не постар од 72 часа и покрај тоа да минат седум дена во изолација.

Грција г воведе овие правила откако забележа остар раст на бројот на заразените.

„Некои луѓе веќе три дена чекаат на границата“, кажа за Франс прес албански полициски функционер, додавајќи дека „грчките медицински тимови работат со намален број луѓе“ ии дека граничниот премин е затворен во текот на ноќта.

Според правилото кое е на сила до 16 август Албанците кои влегуваат во Грција се тестираат на границата, но при влегувањето во земјата мора да ги остават своите податоци за да може да бидат контактирани доколку се позитивни на вирусот.

Во Грција работат илјадници Албанци, пред се во земјоделството. Преку летото се враќаат во татковината каде го минуваат годишниот одмор.

Полицијата објави снимки од полицајци како им делат вода на луѓето на големите жештини.

Албанското министерство за надворешни работи соопшти дека грчките власти ветиле дека ќе ја забрзаат сегашната процедура на границата за да можат да извршат 300 тестови на ден, наместо досегашните 200.

Ситуацијата со ковид019 во Албанија деновиве се влоши па во четвртокот беше пријавен највисокиот број, 154 новозаразени во еден ден. Од почетокот на епидемијата умреа речиси 220 луѓе.

Лекарите предупредуваат на втор бран на епидемијата, а властите се жалат дека жителите не ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе