Илјада пожарникари против 50 шумски пожари во Грција (ВИДЕО)

Повеќе од 1.000 пожарникари се мобилизирани низ цела Грција откако во понеделникот вечерта избувнаа шумски пожари на 56 места, а најголемиот, на островот Евија, се разгоре, се прошири и ги загрози околните села, па таму е прогласена вонредна состојба.

За гаснење на пожарот се ангажирани 347 возила, по шест противпожарни авиони и хеликоптери, воена механизација, како и десетици градежни машини, кои ги соборуваат дрвјата за да се запре ширењето на пожарот.

Во исто време, почна истрага за причината за големиот пожар на Евија, кој избувна во текот на ноќта и од вторникот наутро покри дел од Грција со густ чад, вклучувајќи ја и Атина.

За денеска е најавено пристигнување на два противпожарни авиони од Италија и Хрватска, а е побарана помош и од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Државните службеници, министрите и премиерот Киријакос Мицотакис, кои беа на годишен одмор, итно им се вратија на своите должности.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе