Албанскиот претседател

Албанскиот парламент го укори Мета зашто не дозволува локални избори

Со парламентарна резолуција одобрена од 100 гласа наспроти седум албанскиот претседател Илир Мета е укорен за поништувањето на локалните избори закажани за 30 јуни.

Партијата на премиерот Еди Рама предложи тој да се смени откако Мета го поништи указот за распишување на локалните избори за 30 јуни.

За да стане конечна, одлуката на албанскиот парламент мора да биде потврдена од Уставниот суд, но тој во моментов не функционира бидејќи повеќето судии се разрешени, објави Ал џезира.

Според Уставот на Албанија, претседателот на државата може да биде разрешен поради сериозно прекршување на Уставот или сторено кривично дело. Во обраќањето пред парламентот пред гласањето Рама рече дека одлуката на претседателот за одложување на локалните избори е „досега непознат чин во историјата на светското владеење“.

Според него, „парламентот е должен да реагира од името на народот кога претседателот ќе полуди“.

„Ако светот влезе во логиката на Мета дека секој потпис на некој авторитет може да биде повлечен, повеќе нема да постојат државата, правилата, насоките, туку целиот свет би бил една голема гужва“, рече Рама.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе