Идната недела средба САД-Северна Кореја

Официјални претставници на САД и на Северна Кореја планираат да се состанат следната недела, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

„Не можам да споделам други детали за состанокот“, рече Ортагос во краткото соопштение, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска севернокорејската државна агенција КЦНА објави дека Северна Кореја и САД се согласиле да одржат разговори на пониско ниво на 5 октомври и подготвителен состанок еден ден порано.

Разговорите, чија цел е денуклеаризација на Северна Кореја, запреа по вториот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во Виетнам, кој заврши без договор.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе