Израелската војска порача

„Ако ОН живееше во Израел, 70% од пријателите и семејствата денес ќе им трчаа во засолништа“ (ВИДЕО)

Додека трае итната седница на Советот за безбедност за Израел, израелската војска објави видео на кое се гледа како Израелци бегаат по огласувањето на сирените за напад од Газа.

Фото: ЕПА

„Оваа недела 70% од израелските цивили бегаат во засолништа од бомби“, напишаа на Твитер Израелските одбранбени сили (ИДФ) со снимки од Израелци што бегаат во засолништата откако се огласуваат сирените за тревога поради ракетите од Газа.

„Ако 70% од вашата земја беа под оган, како ќе реагираше светот? Советот за безбедност на Обединетите нации свика седница за да дискутира за тоа што се случува во Израел. Дали ќе се сетат дека 70% од нас сме под оган? Дали ќе се сетат дека ова се непријателите со кои сме соочени?“  

„Дали ООН денес ќе се сети дека, ако тие живееја во Израел, 70% од нивните пријатели и семејства ќе трчаа во засолништа од бомби?“, напиша ИДФ.

„Од ниедна друга земја не би се очекувало да толерира над 2.900 ракети лансирани врз цивили. Колку било ракети лансирани врз нивните цивили. Е па не толерирајте ни за Израел.“

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, отворајќи ја денеска итната седница на Советот за безбедност предупреди дека судирите на Блискиот Исток мора да престанат веднаш затоа што постои ризик од „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“ во регионот.

Хамас почна да го ракетира Израел во понеделникот, по повеќенеделни тензии околу судската одлука за иселување на неколку палестински семејства во источен Ерусалим и полициските судири со Палестинците во близина на џамијата Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе