Кај Москва

Идентификувани првите жртви на авионската несреќа - меѓу нив и едно дете и двајца тинејџери (ВИДЕО)

Едно дете, двајца тинејџери и тројца странци се меѓу жртвите на авионската несреќа што денеска се случи во близина на Москва.

Се тврди дека странците се државјанин на Швајцарија, на Азербејџан и на Казахстан.

На местото на падот на рускиот авион Ан-148 со 65 патници и шест члена на екипажот во близина на Москва беше пронајдена црна кутија, а иследниците испитуваат неколку теории за тоа што предизвикало авионот да се сруши, рекоа официјални лица.

Прерано е да се каже што ја предизвикало несреќата, а инспекторите велат дека сѐ уште се немаат фокусирано на една верзија на настаните, вели Раша тудеј. Остатоците од авионот и мртви тела се расфрлани низ широка област, а напорите за спасување се отежнати од снежните врнежи и силните ветришта што неделава го зафатија московскиот регион.

 

Авионот Ан-148 полетал кон градот Орск во Урал, во близина на руската граница со Казахстан во регионот Оренбург, и се урна во раните попладневни часови по локално време.

Рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, потврди дека во несреќата нема преживеани.

Според првичните информации, деловите од авионот се расфрлани низ зоната меѓу селата во областа.

Авиокомпанијата соопшти дека пилотот на несреќниот лет, Валериј Губанов, бил искусен пилот со над 5.000 часови летање.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе