Хрватска

Идентификуван шесткраниот убиец од Загреб, уби цело семејство освен своето бебе

Во Нов Загреб, во куќа во населбата Кајзерица, синоќа непосредно пред 21:30 часот се случи шесткратно убиство. Преживеано е само двомесечно бебе, неповредено, јави полицијата, пренесе Индекс. Меѓу убиените се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Убиецот избегал и е потврдено дека се самоубил во 4 часот наутро.

Полицијата на прес-конференција откри детали за убиецот, како и за жртвите. Убиецот е роден во Вуковар во 1983 година. Има 36 години и се вика Игор Наџ. Со една од жртвите, имал бебе родено на крајот на мај и кое во масакрот не е убиено.

Меѓу жртвите е 34-годишната Маја Тојагич, со која убиецот бил во врска и имал двомесечно бебе. Биле верени. Убиени се и нејзиниот 10-годишен син, нејзината сестра Јосипа и нејзиниот партнер Давор Паушак, и родителите на Маја, Драгомир и Фиjка.

Нивниот заеднички профил на Фејсбук е полн со заеднички фотографии. Профилот е делумно затворен па не се гледаат коментарите. Но, од самите фотографии е јасно дека убиената и убиецот биле во врска, јави Индекс.

Првите заеднички фотографии им датираат од летото 2017 година, па може да се претпостави дека врската ја започнале нешто пред тоа. На некои фотографии, Наџ е со синот на Маја од претходната врска, момчето кое синоќа го уби.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе