ИАЕА потврди дека Иран почнал да произведува ураниум збогатен до 60 проценти

Иран почна да произведува збогатен ураниум со шеесет проценти чистота во својата подземна фабрика Фордо, покрај производството на тоа ниво на чистота што го врши во Нантанз од април 2021 година, потврди денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

Фото: ЕПА
ИАЕА ќе го информира Иран за својата намера да ги зголеми зачестеноста и интензитетот на инспекциските активности, изјави генералниот директор на организацијата за агенцијата Франс прес.
 
Иранските државни медиуми вчера објавија дека Иран почнал да произведува збогатен ураниум со 60 проценти чистота во подземната нуклеарна централа Фордо како одговор на нуклеарната резолуција на Обединетите нации.
 
Иран веќе произведува ураниум со чистота од 60 проценти во својата нуклеарна постројка Натанз во централен Иран.
 
Збогатувањето од 60 отсто е под 90-те отсто потребни за производство на оружје, но многу над 20-те отсто произведувани пред нуклеарниот договор на Иран со меѓународните сили во 2015 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе