Сепак, инспекциите од претставниците на ИАЕА ќе бидат ограничени почнувајќи од вторник.
„Пристапот ќе се намали, но ќе можеме да го задржиме потребното ниво на надзор и верификација“, рече Гроси пред новинарите во Виена, каде што се наоѓа седиштето на ИАЕА, додавајќи дека ова засега „ќе ја спаси ситуацијата“.
Иранскиот парламент го одреди 21 февруари како краен рок кога ќе се ограничат некои инспекции на ИАЕА, на некои ненуклеарни станици, вклучително и воени локации во Иран.
Во 2018 година, со одлука на поранешниот претседател Доналд Трамп, САД еднострано се откажаа од меѓународниот нуклеарен договор со кој Иран се обврза да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции.
Американските власти повторно воведоа санкции за Иран, додека по повлекувањето на Соединетите Држави, Иран почна да ги занемарува своите обврски од тој договор.